Не џабе дрдорете – еве само колку минути мажите ве слушаат


Ново истражување покажува дека мажите честопати не ги следат внимателно разговорите, освен кога се дискутира за спорт и жени. Голем дел од господата се дефинираат како лоши слушатели на теми како ручек партнерот, неговите чувства, неговата исхрана, …Истражувањето е спроведено на повеќе од 2.000 лица и откри уште некои занимливи факти, како на пример дека жените иако генерално слушаат повнимателно, тие повеќе уживаат во разговор со пријателките отколку со своите партнери

Просечен маж може да издржи околу шест минути од женското „трубење“ за тоа како го готвела ручекот, како се чувствува и слични работи, а во разговор со пријателите за спорт или секс може да издржи цели 15 минути.

1-neshta-koi-treba-da-gi-odbegnete-vo-kavga-www.kafepauza.mk_

Повеќе од половина од мажите признале дека имаат „селективен слух“, односно, не знаат да слушаат. Но, разговорот со пријателите не им претставува проблем, а најпопуларните теми меѓу припадниците на посилниот пол се спорт, филмови и секс.

Истражувањето е спроведено на 2000 луѓе и открило уште неколку занимливости, како на пример дека жените, иако генерално подолго и повнимателно слушаат, исто така подолго можат да издржат во разговорите со пријателките, отколку со партнерот.

Жените, за разлика од мажите, најмногу сакаат да разговараат за врските и машко-женските односи. Жените кои сакаат да им го привлечат вниманието на своите мажи никако не би требало да се обидуваат да го прават тоа додека тие гледаат натпревар, ги менуваат каналите или пробуваат нова апликација.

Мажите во просек четири пати неделно ги „игнорираат“ своите жени во моментот кога тоа не е најпаметно.

Секој маж најверојатно ќе се исклучи од разговорот ако се зборува за некој кој не го познаваат или во нешто во кое не се разбираат, како на пример за колегите од работа или за најновиот трач.

Исто така, ќе бидат подеднакво незаинтересирани ако темата е хороскоп или нешто таа видела на Фејсбук.

За тоа колку ова игнорирање не е паметно зборува фактот што 55% од жените обично ги започнуваат овие разговори за да ги тестираат партнерите дали ги слушаат или не, а најдобар показател дека мажот не слуша е што му треба премногу време за да одговори.

Повеќе од петина од мажите признале дека за време на телефонски разговот со партнерката истовремено сурфаат на интернет или гледаат натпревар.

Тоа што можеби е најинтересно е што и мажите и жените повеќе ги доверуваат чувствителните темо на пријателите отколку на мажите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1