Не го ставајте автомобилот во лер за да го загреете во зима


Зимските услови за возење , вашиот автомобил тешко ги поднесува. Но, ќе му биде уште потешко ако во раните утрински часови додека темепратурите се ногу ниски, првин го пуштате малку да работи во место за да се загрее.

Иако тоа е нешто што речиси сите возачи го практикуваат и веруваат дека тоа функционира, но се чини дека таа постапка повеќе му шети на автомобилот, отколку што му користи, пишува „Бизнис инсајдер“.kola zima

Што е погрешно во овој мит, објаснил автотркачот Стефен Чиати, кој цел живот работи со мотори со внатрешно согорување.
Чиати вели дека држењето на моторот во празен од по студеното време, освен што залудно троши гориво, го одзема и маслото од некои делови на моторот на кои им е потребно, особено на цилиндрите и клиповите.

Под нормални услови, моторот работи на мешавина од воздух и пареа од горивото. Кога таа мешавина ќе влезе во цилиндарот, клипот ја компримира при што доаѓа до согорување кое потоа го придвижува моторот, пренесува „Јутарњи.хр“.
Но кога надвор температурите се под нулата, горивото потешко испарува. Автомобилот тоа ќе го компензира додавајќи повеќе гориво во таа мешавина од воздух и пареата од горивото, Чиати тоа го нарекува „running rich“, и тогаш се создава проблем.

– Проблемот е во тоа што дадавате повеќе гориво во комората за согорување при што дело од горивото може да дојде до нејзините ѕидови. Горивото (бензинот) е одличен растворувач кој може да го измие маслото од ѕидовите на комората што може да предизвика оштетување , ако моторот во студени услови работи во лер на подолг временски период. Со време недостатокот на маслото може да доведе до оштетување на цилиндрите и клиповите и тоа практично значи смрт на моторот – објаснува Чиати.

Спротивно на популарното верување, да се остави автомобилот да работи во лер на ниски температури додека не се загрее, не го продолжува животот на моторот, туку го скратува.
За среќа, ова се случува само кога горивото е многу студено. Но, штом се загрее на температура од 4 степени Целзиусови, автомобилот почнува да троши нормално количество на гориво.
Поради тоа би можеле да си помислите дека оставањето на автомобилот на работи во лер, може да го реши овој проблем.

Но, не го мешајте топлиот воздух од вентилацијата со топлиот мотор. Работењето на автомобилот во лер е всушност причина за сите проблеми.
Најбрз начин брзо да го загреете моторот е веднаш да го започнете возењето.

Можеби некогаш сте чуле дека маслото во серво воланот може да биде премногу студено, но Чиати го објаснува и тоа тврдење.

– И маслото побрзо ќе го загреете ако му допуштите да работи токму за тоа што е наменето. Треба да му бидат доволни веќе 30 секунди или 1 минута. Пумпата за масло во почетокот може да произведува чудни звуци, но пуштањето на авотмобилот да работи во лер пет или десет минуто нема да влиаје никако за маслото на серво воланот. Нема да постигнете ништо доколку не го помрднувате воланот и тој стои во место – изјавил автотркачот.

Во почетокот бидете нежни со папучата за гас. На автомобилот му се потребни околу 15 минути да постигне нормална работна температура. Ако силно го стиснете гасот и јурнете што сте го запалиле автомобилот, создавате нпеотребен стрес. Освен тоа ако јурнете веднаш откако сте го запалиле автомобилот, ќе потрошите и до 12 отсто повеќе гориво за да поминете еднаква оддалеченост.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1