Не му се чекало да му падне лото – ја ХАКНАЛ лотарија и „освоил“ 16 милиони долари


Еди Типтон, поранешен директор на безбедност на американската лотарија Мулти Стејт Лотари Асосиејшн, кој во сојузната држава Ајова е обвинет за користење на руткит, малициозен софтвер кој се активира при рестартирање на компјутерот, како би ги открил победничките броеви однапред.

loto

Во САД имено, во 37 сојузни држави се користи компјутер за генерирање на случајни броеви кои се извлекуваат во игрите на среќа, а Триптон сфатил дека и тоа како и секое друго може успешно да се хакира ако сте упатени во работата на алгоритмите кои тоа го обавуваат.

Откако ќе дојдел до добитните броеви, Триптон ангажирал соработници за да ги пополнат победничките тикети и потоа ги собирале парите.

Државното обвинителство на Ајова го обвинило Триптон за 4 измами, преку кои дошол до 16,5 милиони долари а за тоа дело е веќе осуден на 10 години затвор но поради жалбата моментално се наоѓа на условна слобода.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1