НЕ ПАНИЧЕТЕ, НО… На еврото може да му се случи истото што и на швајцарскиот франк


Шокот од растот на швајцарскиот франк за еден ден, како и поскапувањето на кредитите во франци за 15-30 отсто се уште не стивнува, но економистите предупредуваат дека нешто слично може да случи и со еврото.

evropska-unija

Кога и во колкава мера, никој не може со сигурност да каже, но принципот е ист – еврото сега е слабо во однос на американскиот долар, а ако порасне, растат и сите задолжувања во евро-валутата.

– Еврото моментално е доста слабо во однос на доларот и не е исклучено односот на двете валути да се врати на претходно ниво, кога европската валута беше појака. Тоа би можело да значи можност, корисниците на кредити во евра да доживеат слично сценарио какво што доживуваат оние кои се задолжиле во франци. Со кое темпо и кога би можело тоа да се случи е тешко да се процени, изјавил за „24 сата“ економистот Љубомир Маџар.

Маџар вели дека никој не може со сигурност да каже како ќе се движат меѓународните валути, но дека граѓаните треба да знаат дека преземаат ризик доколку подигнуваат кредити врзани за странски валути.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1