Не плашат дека пиеме нездрава вода – како производителите на филтери го лажат народот


Во прашање е еден вид на манипулација на граѓаните затоа што направените тестови со метал електроди свесно прикажуваат дека во водата има метал и забранети супстанци, велат од белградското комунално претпријатие водовод и канализација.

„Водата во Белград има одличен квалитет, а експериментите кои се извршени на презентациите го оспоруваат истиот, со што на тој начин влијаат на граѓаните да купат апарати за филтрација“, се наведува на сајтот на Јавното комунално претпријатие“, белградски водовод и канализација. Тие објаснуваат дека со оглед на тоа што просечниот граѓанин не е детално запознат со текот на вршењето на експериметите, врз основа на само визуелен ефект, се постигнува крајната цел измамата, пишува српски Телеграф.

Filter-za-voduПоточно злоупотребата, рефлектира, односно укажува на тоа дека водата од чешма не е со добар квалитет и дека е потребно дополнителна филтрација. Во ЈКП „Белградски водовод и канализација“ објаснуваат дека на самите презентации може да се забележи електролиза на водата, која природно содржи растворени минерални материи, кои пак спроведуваат електрична енергија. Но, електролизата не се создава на егзактнен начин со еден пар на инертни електроди, туку со електроди направени од метал, чиј материјал може да учествува во реакциите во водата.

Поради реакциите на металот од електродите, со природно присутните минерални материјали од водата од водоводот, се добива ефект на заматување. Што се однесува на водата која минува низ апаратот за филтрација, во која има малку минерали, електролизата практично и не се случува, и не доаѓа до никакви промени во чашата“, се објаснува на сајтот на оваа компанија. Во ЈКП „Белградскиот Водовод и канализација“ уверуваат дека заматената вода нема никаква врска со тешките метали во водата.

Металот во водата може да биде железо, со потекло од електроди, кои специјално се користат за вршење на електролизата при снабдувањето со вода. Исто така, од таму, на реакцијата на пријавите на граѓаните, дополнуваат дека јавното комунално претпријатие, Белградски Водовод и канализација, повеќе пати утврдил дека водата третирана од овие апарати за филтрација на загаденоста, има многу ниска спроводливост и pH вредност.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1