Не постои никаква ситуација во која бебе недостига или било заменето – твди министерот Филипче


Не постои никаква ситуација во која бебе недостига или било заменето. Бебињата на таа возраст ги идентификуваме со бројчиња, а не со имиња, и сето тоа било како што треба. Утврдивме дека станува збор за недоразбирање меѓу семејството на бебето и медицинскиот персонал кое потоа прераснало во кавга, рече министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција на која претстави пакет мерки за унапредување на состојбата во родилиштата.

Апелираше и до медиумите пред да објават, како што рече, сензационалистичка вест, да го консултураат менаџментот на клиниката, ПР-службата во Министерството и лично него.

– Една таква информација која испадна дека не е ниту блиску до вистината ја нарушува вербата во нашиот здравствен систем и сериозно ги инхибира и влијае на ентузијазмот на нашите здравствени работници коишто пожртвувано и чесно 24 часа си ја вршат својата работа – рече Филипче.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1