Не сака да вечера – ова е тајното мени на Путин


Путин многу патува ширум светот. Тоа што го јаде за време на патот е сосема друга приказна.
Доволно е човек да фрли брз поглед на фотографијата на рускиот лидер за да признае дека Путин во 65- та година од животот прилично е во добра форма во однос на своите врсници.

Во што е неговата тајна? Одговорот до некаде се крие во исхраната. Руската јавност секогаш е желна да дознае што јаде претседателот Владимир Путин,а “Russia Beyond” ви го открива тајното претседателско мени.

Претседателскиот појадок:

Путин за појадок јаде каша со мед, и пие јајца од препелица.Исто така Путин сака да пие сок од рен и цвекло.

Рускиот претседател на новинарот од “Russia Beyond” во една прилика му открил една тајна.

– Не можам да посветам многу време на исхртаната. Сакам зеленчук, домат, краставица, зелена салата. наутро сакам да изедам една лажица свежо сирење и мед. Ако можам да бирам межу месо и рива,
ќе изберам риба, но сакам и јагнешко, рекол Путин и додал дека не е човек кој сака слатко, иако од време на време јаде и сладолед.

Исхрана за време на пат:

– Кога сум на пат, сакам да пробам домашна кујна, Навикнав на зелен чај… Обично не вечерам, немам време за тоа. Попладне се трудам да јадам овошје и да се напијам кефир кога е тоа возможно, а кога не е, не јадам ништо, вели Путин.

Што пие Путин?

Во 2010 година готвачот на Кремиљ рекол дека Путин пие посебен коктел со тој коктел ги нагостува неговите гости за време на службените приеми: многу лед, малку сок од лимон, нане и 50 грама шампањ. Говачот вели дека овој пијалок ја гаси жедта.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1