Не се палете Грци – олимпискиот оган е турски – им порача Ердоган на Грците


На состанок зад затворени врати меѓу турскиот премиер Ердоган и претседателот на Олимпискиот комитет во Лондон, Ердоган рекол дека олимпискиот оган не е грчки, туку турски.

 

Турскиот премиер побарал од претседателот на Меѓународниот олимписки комитет во иднина олимпискиот оган да се пали во Турција, а не во Грција.

Ердоган во Лондон раскажал дека и во Турција постои планина Олимп и според турската митологија оганот потекнува токму од таму, а не од Грција, тој образложил дека во близина на Анталија исто така има планина Олимп и дека всушност таму треба да биде пален олимпискиот оган, пренесува Канал 5.

Веста ја објави грчката телевизија Мега која се повика на изјава на турскиот министер за млади и спорт Суат Калач.

Грците веднаш се возбудиле, а претседателот на грчкиот олимписки комитет Кувелос му порачал на Ердоган да оди на часови по историја.

И партијата Независни Грци реагираше и побара не само министерот за надворешни работи, туку и самиот премиер Самарас, да му одговори на неговиот турскиот колега.

Медиумите во Грција овој потег на Ердоган го оквалификуваа како обид да притисне Турција да ги добие Олимписките игри во 2020 година.

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1