Не сте знаеле, но секојдневно јадете смртоносна храна!


Секојдневно сме опкружени со секакви видови на храна, колачи, грицки, конзерви… Но дали знаеме што всушност внесуваме во нашиот организам и како тоа делува врз него?  

Сте се запрашале ли што се случува во вашиот организам кога внесувата ваква храна? Еве одговор на ова прашање за некои од овие производи. Во продолжение ќе наведеме девет видови на храна кои значително може да ја нарушат вашата здравствена состојба.

Храна подготвена на жар или пржена во масти

Овој вид на храна содржи висока количина на „трифенил сибинг топирамат“, канцерогена состојка која предизвикува рак. Оваа хемикалија се наоѓа во скарата или печеното месо. Кога ќе дојде во допир со желудникот и желудочната слузница можноста за добивање на рак на желудникот секогаш е голема.

Додека храната е во процес на печење или пржење многу надворешни фактори може да станат неповолни: месото може да се контаминира со бактерии, паразити кои може да останат неуништени во текот на процесот на подготовка на храната. Печеното месо содржи отров исто колку и 60 цигари.

Замрзнати десерти

Научниците потврдиле дека замрзнатите десертни производи каде спаѓа и сладоледот содржат многу шеќери но имаат мала хранлива вредност. Претерувањето со ваква храна може да доведе до гојазност и дијабет, а во некои случаи може да ги влошат постоечките здравствени проблеми. Затоа оваа храна не би требали да се најде на трпезата како нормален оброк.

„Junk food“

Овој вид на храна содржи голема количина на нитрити, соли, боја за храна, стабилизатори и додатоци во храната кои можат многу да го влошат нашето здравје. Долготрајното консумирање на ваков вид храна може да доведе до покачен крвен притисок.

Конзервирана храна

Овдека спаѓа било кое овошје, месо или зеленчук кој е конзервиран со цел да трае подолго. Не само што оваа храна има многу мала гранлива вредност туку истата е богата со калории. Исто така алуминиумот кој се користи при изработката на конзервите лесно се контаминира кога е изложен на светлина. Исто така во процесот на конзервирање се уништуваат многу хранливи вредности на храната. Луѓето кои имаат навика да користат конзервирани производи имаат ризик да развијат алцхајмерова болест.

Инстант храна

Оваа храна содржи голема количина на соли, бои и адитиви. Тоа значи дека има многу калории но ни малку хранлива вредност. Со оглед на тоа дека и недостигаат елементите во трагови и основни витамини и минерали, употребата на инстант храната може да доведе до нутритивен недостаток. Постојаното внесување на овие намирници може да доведе до рак, хипертензија и други смртоносни болести.

Лесни пијалоци

Овие пијалоци содржат фосфати и карбонати што може да доведат до губење на калциумот од организмот. Со постојано пиење постои можност да биде истиснат калциумот од коските.

Обработено месо

Ова месо претставува „губре“ за нашиот организам. Колку почесто внесувате вакво месо толку организмот посилно ќе слабее. Оваа храна содржи голема количина на натриум кој се додава во процесот на обработка, а тоа може да предизвика или да ја влоши хипертензијата. Покрај тоа високото ниво на натриум кој се наоѓа во месото ја отежнува работата на бубрезите. Колку повеќе го внесувате толку повеќе се скратува животниот век на вашите бубрези кои неочекувано ќе се „потрошат“ пред време.

Пржена храна

Оваа храна е одбележана како виновник за кардиоваскуларните болести но содржи и многу канцерогени состојки. Акриламид е една од хемиските состојки пронајдени во пржената храна. Оваа хемикалија е пронајдена и во издувните гасови од автомобилите како и во чипсот од компир. Друга многу штетна состојка е стипса која може да ја оштети меморијата, нервниот систем, при што предизвикува раздразливост и депресија откако ќе се апсорбира во нашиот организам.

Закиселена храна

Оваа храна содржи изобилство на канцерогени состојки кои предизвикуваат рак. Оваа храна би можела да биде контаминирана со микроорганизми при процесот на обработка. Консумирањето на оваа храна може да предизвика појава на чир, назофарингитис (воспаление на горните дишни патишта), хипертензија и може да го оштети желудникот.

 

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1