Не сушете ги алиштата на парно!


Многумина во студените денови немаат друг избор освен алиштата да ги сушат во своите четири ѕидови, на радијаторите. Но, оваа навика би можела да ве чини здравје и да предизвика проблеми со дишниот систем.

Шкотските истражувачи од Архитектонскиот факултет Макинтош утврдиле дека многу домови во Шведска имаат премногу влага, а токму сушењето на алиштата во становите е одговорно за дури 30 отсто од таа влага.susenje-odece-na-radijatoru-u-sobi-1417682558-52028

Три четвртини од стотина испитани домови имале големо ниво на влага која секој дом го претвора во богато расплодно тло на грини и ја зголемува концентрацијата на мувла, пишува „Би-би-си“.

Вкупно 87 отсто домаќинства во Глазгов, во кој студијата е спроведена, ги сушат алиштата дома кога е студено времето, од кои две третини од нив алиштата ги сушат на радијатор. Тоа го зголемува нивото на влага во домор за 30 отсто во оние денови кога алиштата се сушат, односно за 15 отсто за време на останатите денови.

Стручњаците заклучиле дека помалите, добро изолирани домови прават стапици за влагата.

Вдишувањето на спорите на мувлата може да доведе до воспаление, главно кај лицата со ослабен имунитет или може да доведе до алергиски реакции, посебно до астма, бидејќи имунитетот реагира на спорите кога ќе ги идентификува во горните дишни патишта и во синусите.

Симптомите на инфекциите од мувла вклучуваат кашлање, константен замор, иритација на очите, грлото и кожата, главоболки или мачнини.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1