Неготино без струја, 300 деца не одат во градинка


Поради прекин на електричната енергија во Неготино, денеска 300 деца не може да бидат згрижени и воспитувани во градинките.deca gradinka

– Работите не зависат од нас. Според нашите сознанија цело Неготино нема струја. Информациите кои ги имаме говорат дека станува збор за голем дефект. Бидејќи целиот град нема електрична енергија и родителите ќе се вратат од работа, бидејќи без струја нема да можат да функционираат и останатите субјекти во градот, рече директорката на градинките Весна Нацева.

Додаде дека дури и да одлучат да ги згрижат децата во вакви услови, сигурно би реагирале родителите зашто нема да сакаат нивните деца да бидат тука на студено. – Се јавувавме да добиеме информација што е проблемот и до кога градот ќе нема струја, но и од ЕВН засега не можат да кажат, рече Нацева.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1