Некогаш најпопуларен пејач на „Ѕвездите на Гранд“-Денес живее како социјален случај


Учесникот од првата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ Дарко Филиповиќ, ја изненади јавноста кога пред камери изјави дека се води како социјален случај. Заедно со колешката Зорица Марковиќ, тој гостуваше во музичкиот камп „Малдиви“.

Во разговор со натпреварувачите, Дарко се присетил на почетокот од кариерата и зборувал за тоа колку е тешко да се избори некој со популарноста.darko-filipovic

Пејачот имал и интересен дијалог со постарата колешка, па ја прашал Зорица Марковиќ како кај нив функционира пензиското осигурување за пејачите.

-Што се однесува на мене и уште некои колеги ние сме зрели за пензија, а некои се веќе во пензија. Мораш преку различни здруженија да се пријавиш, да се зачлениш, да плаќаш чланарина, да имаш пензиско и здравствено осигурување.

-Јас немам работен стаж. Се водам како социјален случај. Ако те нема, луѓето брзо те забораваат, како да те нема, порачал Дарко.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1