Некој мора да оди во затвор за млекото – закани за човекот кој го објави списокот


Jail Bars and Cuffs 2009_3 lisici

Секретарот за земјоделство од Војводина кој прв ги објави анализите за токсичното млеко, Горан Јешиќ, објави дека и вторите анализи кои ги побарала државата покажале лоши резултати и дека некој ќе мора да одговара.

„Ги добив анализите од државната лабораторија на СМС. Утре ќе бидат официјално објавени. На некој не му гине затвор“, порача Јешиќ преку Твитер.

Не гледам зошто веднаш да не се повлече млекото, а не да се чекаат резултатите од Холандија, изјавил тој.

Јешиќ на новинарите им кажал и дека добил закани затоа што одлучил да го објави списокот на ризични млека. Но заканите престанале откако целиот случај добил балканско медиумско внимание – јавноста е чудо изјавил тој.

goran-jesic,, На сите што ми претат од лажни и скриени броеви и преку твитер имам да им порачам – го разбирам бизнисот од милијарда евра, но ги сакам своите деца, а вие само потпишете се кои сте што сметате дека треба да се крие, да се знае кој сте” рекол Јешиќ.

Уште пострашно е што Јешиќ додал дека за ова се знаело уште од септември и тоа точно од 1 септември. – некој ќе мора да оди во затвор за ова, рекол тој.

Србија почна да го повлекува млекото од продавниците откако Јешиќ на својот веб сајт ги објави поразителните резултати за присуството на канцерогениот афлатоксин. Од продажба се повлечени околу 50 видови млеко. Дел од нив се продаваат и на македонскиот пазар.

10 ДЕНА НА ОВАА МЕШАВИНА ЛЕЧИ ЧИР И ТОПИ САЛО – ДЕТОКСИКАЦИЈА РЕЦЕПТ
СЕ ПРОВЕРУВА И МАКЕДОНСКОТО МЛЕКО – ЗЕМЕНИ МОСТРИ ЗА АНАЛИЗА
СЕ ПОВЛЕКУВААТ ОД ПРОДАВНИЦИТЕ 50 ВРСТИ МЛЕКО ВО СРБИЈА – ЕВЕ КОИ
МОЈА КРАВИЦА И ДУКАТ ЕДИНСТВЕНО СПОРНИ ВО МАКЕДОНИЈА – РЕЗУЛТАТИ ОД КОНТРОЛАТА

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1