Неколку заложници ослободени во еврејскиот супермаркет во Париз


Еден убиен терорист, двајца повредени полицајци, неколку ослободени заложници е епилогот на акцијата на француските полициски сили во супермаркетот во Париз, каде според Скај Њус имало шест експлозии. Полицијата упаднала во супермаркетот и ги извлекла заложниците на терористите. Акцијата е изведена само дваесетина минути по акцијата во Дамартен ан Гоел, каде во акција полицијата ги уби браќата Саид и Шериф Куаши и го ослободи нивниот заложник.03

Репортерот на Скај Њус известува дека првин се чуле четири кратки експлозии во период од седум секунди, а потоа уследиле уште две.

Претходно полициските командоси ја заобиколиле продавницата за кошер-производи „Хипер Кашер“, а потоа репортерот на телевизијата забележал неколку од полицајците како влегуваат од задната врата.Screenshot_44

Се смета дека акциите – таа во печатницата во Дамартен ан Гоел и оваа во супермаркетот уследиле бргу едноподруго, за да спречат терористите во супермаркетот да почне да убиваат заложници кога ќе чуајт дека се ликвидирани браќата Куаши.

Заложниците во супермаркетот беа држени на нишан од 32 годишниот Амеди Кулибали кој на полицајците им кажал јасно: „ме знаете кој е сум – ослободете ги браќата или ќе ги убијам заложниците“.  Тој бил пријател со браќата Куаши и заедно со нив бил на обука во терористички кампови. Убиството на полицајката вчера во Париз е негово дело.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1