Нема официјална потврда за убиството на Александар – дали некоj манипулира со смрт на младо момче?


Информации за наводно убиство сеуште немаат ниту во македонската амбасада во Атина.

Ниту една грчка институција, орган или медиум нема објавено ниту официјална ниту неофицијална информација за наводен напад и убиство на македонско момче во Солун, јавува дописникот на МРТ од Атина Марија Котовска.

Единствениот извор засега е тврдењето на неговиот наводно прв братучед Стилјан Самарџиев од Леринско, кој најпрвин на својот фејсбук профил, кој од вчера веќе на постои, а потоа и за дел од македонските медиуми, тврдеше дека извесен Александар Самарџиев бил нападнат и претепан од страна на членови на неонацистичката Златна Зора во Солун, по што наводно вчера попладне им подлегнал на повредите.

Дописник на нет прес пак стапил во контакт со партијата на Македонците во Грција “Виножито”. Кои велат стапиле во контакт со родителите на Стилјан кои немале апсолутно никакви информации дека нивен внук бил претепан и починал.

Во меѓувреме, Стилјан Самарџиев одбивал да даде било каква информација на лицето што успеало да воспостави контакт со него, информира нет прес.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1