Нема веќе лесно работа во Германија – донесоа нов закон за гастербајтерите


Од 1 април во Германија на сила стапи нов закон за привремена работа преку агенција. Според тој закон, работниците веќе нема да може да работат привремено подолго од 10 месеци, а после девет месеци работа мора да заработуваат слична плата каква што имаат и работниците на фирмите, фабриките или компаниите во кои работат, кои работат на слични работи.germanija

Новиот закон предвидува и дека привремените работници повеќе нема да се вработуваат во текот на штрајк. Токму по пат на вакви претпријатија во Германија работат многумина од регионот. Тие притоа се работници на агенција, а не на фирмата во која ги извршуваат работните задачи. Стјепан Бингула, кој веќе повеќе од триесет години живее во Минхен и добро е запознаен со пазарот на труд, верува дека донесувањето на новиот закон нема да промени многу работи.

– Едноставно агенциите човекот кој го изнајмиле после девет месеци ќе го оттргнат од тој работодавец и ќе го испратат кај некој друг и така се почнува од почеток. Истата работа е и со овие 18 месеци, го повлечат работникот и го испратат во друга фирма – смета Бингула.

Според неофицијалните информации преку овој закон во Германија работат околу милиони луѓе, што е отприлика три посто од сите вработени во таа земја

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1