Нема веќе тестови за возачка – ќе се полага компјутерски


Од идниот месец, се укинува полагањето на тестови за возачка. Ќе падне во вода досегашната практика да се ,,набубаат,, 20-те теста за Б категорија или 10-те теста за Ц и Д категорија кои со години се примопредаваат меѓу кандидатите за возачи.

Од идниот месец тестовите ќе се полагаат електронски.

Кандидатот ќе си добие кориснички профил и лозинка. Ќе се одговара на  31 прашање, а од вкупно 120 поени за да се положи дозволени се максимум 12 негативни поени.

Тестот може да се најде на веб страницата на МВР, каде се поставени тестови за теоретскиот дел од полагањето за возачки испит и демо апликација за електронско тестирање која покажува колку поени сте освоиле и каде сте згрешиле.

Според министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, филмските сообраќајки по улиците ни се резултат на научените одговори и на тој начин положените тестови.

Со новиот електронски систем ќе се одговара на случаен избор од 842 прашања кои неколку месеци ги подготвувале експерти по сообраќај од министерството.

„Досега во системот, во првата фаза, се внесени 842 испитни прашања, на македонски и албански јазик, со графика и реални состојби со сообраќајни ситуации и површини (кружни крстосници, тунели, надвозници) а се планира внесување на уште два пати по 400 испитни прашања,по одобрување на истите.  практично ја сведовме на минимум можноста еден тест да се повтори, а со тоа станува бесполезно учењето на тестовите напамет. Наместо претходните 30 комбинации на тестови, со новиот систем добиваме над 80 милиони комбинации на тестови“ изјави Јанкулоска.

Извор – факултети.мк

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

Current ye@r *

UA-33057274-1