Нема веќе визи за Австралија – ги менуваат правилата


Австралија планира да ги укине работните визи за странци и да ги замени со привремени, кои обврзуваат подобро познавање на англискиот јазик и високи работни квалификации, најави денеска австралискиот премиер Малколм Турнбул.

– Нашите реформи ќе имаат едноставен фокус: австралиската работа и австралиските вредности, напиша Турнбул на својот Фејсбук профил.AVSTRALIJA PREMIER MALKOLM

Тој очекува промените на „визната програма 457“ да привлечат подобро квалификувани работници.

– Ние сме земја на имигранти, но останува фактот дека австралиските работници мора да имаат приоритет за работите во земјата, нагласи Турнбул.

Визната програма 457 има за цел да го пополни недостатокот на Австралија од квалификувана работна сила, а странските работници можат да ги донесат и своите семејства.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1