Неофицијално: Едно тело најдено изгорено, патниците се италијански државјани


Авион со приватен комерцијален лет исчезнал од радарот во близина на скопскиот аеродром. Подоцна се слушна експлозија кај село Кожле а граѓани јавија дека авионот е во пламен.katlanovsko mapa

Како што неофицијално дознава КУРИР, едно тело е најдено изгорено и се претпоставува дека истото е на патник од авионот.

Неофицијално дознаваме и дека патниците се италијански државјани, а последната дестинација на авионот требало да биде Приштина.

СВР Велес примиле телефонска пријава од граѓанин дека слушнал експлозија во близина на с.Кожле.

Како што дознава Курир, се работи за авион марка “Пајпер“ со германски национални ознаки кој летал од Италија од Тревизо и требал да слета на аеродромот во Скопје само да танкира гориво.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1