Неработни денови во 2014 година


Согласно со Законот за празници на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2014 година неработни денови се:

20130226-makedonija zname

За сите граѓани на РМ

· 01 јануари (среда), Нова Година

· 07 јануари (вторник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар

· 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар

· 01 мај (четврток), Ден на трудот

· 24 мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители

· 28 јули (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам

· 02 август (сабота), Ден на Републиката

· 08 септември (понеделник), Ден на независноста

· 11 октомври (сабота), Ден на народното востание

· 23 октомври (четврток), Ден на Македонската Револуционерна Борба

· 08 декември (понеделник), “Св. Климент Охридски”

 

За граѓаните од православна вероисповед:

· 06 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик

· 19 јануари (недела), Богојавление (Водици)

· 18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден

· 06 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден

· 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

· 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден

· 01 ноември (сабота), Празникот на сите светци

· 25 декември (четврток), првиот ден на Божик

 

За граѓаните од муслиманска вероисповед:

· 4 октомври (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

 

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ:

· 22 ноември (сабота), Ден на Албанската азбука

 

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ:

· 27 јануари (понеделник), Свети Сава

 

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ:

· 08 април (вторник), Меѓународен ден на Ромите

 

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ:

· 23 мај (петок), Национален ден на Власите

 

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ:

· 4 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

 

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ:

· 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците

 

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ:

· 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1