„Нетфликс“ ја повлече „Пчеличката Маја“ поради цртеж со пенис што го видела мајка (Фото/Видео)


„Нетлфликс“ повлече епизода од анимираната серија „Пчеличката Маја“, откако родител забележал цртеж во облик на пенис врежан во дрвото во позадината во една сцена од тој цртан филм.

Мајката Чеј Робинсон во цртаниот со насловот „Кралот Вили“, го забележала спорниот цртеж во внатрешноста на дрвото и веднаш загриженоста ја споделила на социјалните мрежи.

– Ве молам, обрнете внимание на она што децата го гледаат. Такво нешто не би смеело да се најде во цртаните филмови за деца. Страшно сум згадена. Не постои ниту една причина моите деца да гледаат такво нешто – напишала таа на Фејсбук, споделувајќи фотографија од спорната сцена.

„Нетфликс“ сè уште не се огласил по овој повод, но 35-тата епизода од првиот серијал на „Пчеличката Маја“ е отстранета од листата.

Епизодата за која зборува стара е 5 години, а откако објавата на Фејсбук крена прашина, Netflix одма цртанот го отстранил од својот сервис.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1