Неверството на мажот го претворила во оглас за продажба на куќата


Мајка на две деца, која била изневерена од сопругот, одлучила да ја искористи аферата на својот поранешен маж со 22 – годишна инструкторка за јога, за да ја продаде куќата во која некогаш живееле заедно.

Ели Зобер (37) поставила знак во својот двор во Портланд на кој им објаснува на потенцијалните купувачи и на комшиите дека ја продава куќата поради неверството на нејзиниот сопруг.

– Сопругот не остави поради 22 годишна девојка…Куќата ја продава бидејќи била повредена, малку и огорчена но од неодамна и единствена сопственичка на куќата – пишува на знакот, на кој додава дека „Прељубниците нема потреба да се јавуваат на огласот„.

Парот се разведил во април по 10 години брак бидејќи Ели Зобер пронашла порака од една млада студентка во телефонот на својот сопруг во која таа го прашува кога ќе стигне кај неа.

По неколку недели покасно двојката се развела и куќата е ставена на продажба. За да биде ситуацијата уште почудна, идејата за овој знак ја дала мајката на Ели, а поранешниот сопруг се согласил дека тоа е добра шала и одличен маркединг трик.

Реакциите во Портланд биле различни и додека некои мислеле дека Ели треба својот сопруг „да го закопа во дворот“, други наоѓаат забелешки што своите лични проблеми ги изнесуваат во јавност.

Родителите на Ели се „многу горди“ на знакот кој го направила нивната ќерка и ја убедиле да не застане само со тоа туку да направи и магнети за фрижидер кои ќе ги продава преку интернет кои ќе бидат направени само за моногамни потрошувачи.

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1