Невреме и одрони однели животи во Австрија и Италија


Силна бура која ги погоди Австрија и северна Италија за време на викендот, однесе два живота во италијанскиот регион Јужeн Тирол


Една жена загина од одроните кои уништија една фарма во селото Афенс на италијанската страна на границата со Австрија. Во соседното село Тулфер загина една жена чија куќа беше срушена исто така од одроните.
Невремето предизвика голем број на поплави и прекин во снабдувањето со струја, во железничкиот и патниот сообраќај.
Илјадници куќи во долината Виргентал, на југот на Австрија останаа без струја. Во регионот на Јужен Тирол во Италија, се ангажирале повеќе од 500 спасувачи кои им помагаат на локалните жители.
Железничката линија која ги поврзува Австрија и Италија преку преминот Бренер е затворена на две недели поради одроните. Некој од пругите и патиштата ќе бидат отворени уште денес, а некои ќе останат затворени поради опасност од ронењето на карпите.
За време на невремето, громовите запалиле неколку згради и убиле повеќе од 250 животни на една фарма во Австрија.

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1