ZagrebБурата со брзина на ветрот од над 200 километри на час во Ријека предизвика судир на дрва брода во пристаништето, а за само два часа утрово во Дубровник наврнале 60 литри дожд на метар квадратен. Најголемиот број улици се под вода, а се поплавени и голем број куќи.

Во Загреб силниот ветар корнел дрвја и носел покриви, а постои опасност од целосно уривање на старата зграда наречена Паромлин во центарот на градот, чии делови почнале да паѓаат под налетот на ветрот. Во текот на ноќта загрепските противпожарни единици имале над 50 интервенции, а во моментов интервенираат на уште 40 места зафатени од пожар поради искината електрична инсталација.

Целиот сообраќај на автопатот А1 на делот низ Истра е во прекин, а само за лесни возила е дозволена делницата Ријека – Загреб. Поголем број патишта се поплавени, а водената стихија во близина на Крапина однесе и патнички автобус. За среќа нема повредени.