Незадоволството ќе роди нови поделби и тензии, порача Милошоски


Со местените апсења и нарачани судски пресуди се прави неправда, а неправдите ќе родат и нови неправди, реваншизмот ќе роди друг реваншизам, незадоволството ќе роди нови поделби и тензии потенцираше Антонио Милошоски пратеник и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест пред Министерството за правда.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ една недела одржува протести против приведувањето и притворањето на нејзини членови и пратеници поради учество во насилствата во Собранието од 27 април годинава.

– Својата неспособност, Владата ја прикрива со местени апсења и нарачани судски пресуди и прогони. Сегашната влада не е дојдена на власт за да ја зголеми платата и животниот стандард бидејќи тие немаат економски план – рече Милошоски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1