НЕЗАПАМТЕНО НЕВРЕМЕ ВО ЕВРОПА: Температури -40, сериозни несреќи и жртви!


Делови од Европа се во сообраќаен хаос. Ниските температури и обилните врнежи од снег ги блокираа патиштата и предизвика неколку сериозни несреќи и бури невидени со децении.

20-годишно момче загина, а неговите сопатници се тешко повредени, кога изгубил контрола на замрзнатиот пат во западна Германија.nevreme

Два камиони се судриле на автопатот кон јужниот дел од земјата и предизвикале штета од половина милион евра.

Во северниот дел на Шведска, стотици патници беа заглавени во воз на кој му откажале моторите. Тие биле стиснати еден до друг, со цел да се стоплат, пред да бидат згрижени во црква.

Драматичните временски услови доведоа до откажување на траект-врските во Балтичко Море, а температурите во некои делови на Скандинавскиот полустров достигнаа до -40 степени.

Поплави носеле автомобили во некои германски градови, а властите во Баварија прогласија вонредна состојба поради можна лавина.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1