Ниедна улица не е вредна човечки живот – инспекциите ригорозни нема работа на жешко и точка


За период од само три дена Државниот инспекторат за труд казнил 83 фирми кои не ја почитувале забрана за работа на отворен простор во период од 11 до 17 часот.

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски вели дека најголем дел од фирмите ги почитуваат препораките.

,, Елементарно човеково право е да се работи во нормални услови, а наша обврска е да ги заштитиме работниците од оние кои ги загрозуваат нивното здравје и живот. Мораме да ја промениме свеста на работодавачите да ги заштитат работниците од топлото време затоа што ниедна улица, булевар, водовод, објект не вреди повеќе од еден човечки живот,,, изјави Ристовски.

Фирмите кои ги тераат работниците да работат на најжешкото ризикуваат и прекршочни пријави од 5000 до 8000 евра за фирмата и од 500 до 1000 евра за одговорното лице на правниот субјект.

Tags: , , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1