Никола Тодоров и дедото на Тамара од Велес денеска во суд


Ново судско рочиште за случајот со дедото на Тамара од Велес, Љупчо Стојановски, кој се товари за обид за убиство на поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров треба да се одржи денеска во Кривичниот суд.

Пред Судот треба да бидат приложени нови психијатриски вештачења од ЈЗУ „Психијатриска болница – Скопје“ од кои треба да се утврди дали обвинетиот бил пресметлив кога го извршувал кривичното дело.

Стојановски на 1 јуни минатата година пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, откако почина неговата внука Тамара чекајќи операција во странство. Тој е обвинет за обид за убиство и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Стојановски поради постоење опасност од бегство и опасност од повторување на кривичното дело е во притвор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1