Нивната смрт ја потресла Русија: Заљубени ученици пукале во полицијата, па се самоубиле


Ученици од Русија на социјалните мрежи пренесувале огнена престрелка со полицијата, пред да извршат самоубиство.

Тинејџерите Денис и Катја, кои имале по 15 години, биле пронајдени мртви во куќа на северозападот на рускиот регион Псков по престрелка со полицијата, јавува Daily Mail.ffffff

Денис со огнено оружје во нога ја застрелал мајка ѝ на Катја. Во изјавата за руската новинска агенција Tass, полицијата тврди дека ” на телата на момчето и девојката биле пронајдени јасни знаци на самоубиство”, а полицијата тврди дека не возвратила на огнот.

Малолетниците пукањето директно го пренесувале на “Перископ”, а фотографиите ги објавувале на Инстаграм. Катја во преносот рекла дека “повеќе немаат опции”, а Денис додал: “Ако не се предадеме, ќе умреме. Но, ако се предадеме, никогаш повеќе нема да се видиме”.

Во последниот пост на руската социјална мрежа “Вконтакте”, Денис напишал: “Те сакав, но воопшто не сфаќаш како ги уништи мојот живот и разум. Збогум на сите, пријатели и семејство, и познаници. Не грижете се, ќе заминам со стил”. Ваквите инциденти во Русија не се вообичаени поради строгата контрола на оружјето.

“Ова е страшна трагедија. Ги истражуваме околностите и деталите од случајот”, рекла за Itar Tass руската правобранителка за деца Ана Кузњецова.

Истражувачите се обидуваат да го утврдат мотивот на “очајничкиот потег” на малолетниците. Тврдат дека полицијата била повикана во куќа во селото Красније Струги поради пријава за исчезната малолетна личност и дека по доаѓањето се нашле под дожд од куршуми. Катја при преносот на “Перископ” рекла дека во куќата има оружје бидејќи нејзиниот очув е во “специјална единица”.

Снимката понатаму го прикажува Денис кој пука од прозор на дрвена куќа кон полициско комби. Полицијата со часови преговарала со децата, а на крајот со употреба на шок граната влегле во куќата и ги пронашле нивните тела.

Тие последните часови од животот ги пренесувале на “Перископ”, и за тоа време пушеле, пиеле и одговарале на прашања на школските пријатели. Го споменале и судирот со родителите, како и дека во забарикадираната куќа се наоѓаат веќе три дена. Исто така, Денис рекол дека ја застрелал мајката на Катја во нога, и дека се плаши од построга затворска казна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1