Нов спот на американскиот бенд Faith No More сниман во Македонија


Светски популарниот рок бенд Фејт ноу мор го објави спотот за својата песна „Cone Of Shame“. Видеото е снимано во Македонија, од страна на домашна екипа.img-294574

Режисер на видеото е Гоце Цветановски од македонската компанија Lynx Animation Studios, во чија продукција е видеото. Во спотот глумат неколку македонски актери меѓу кои и Митко Апостоловски.img-294575

Басистот на бендот вели дека иако можеби полесно би им било да го снимаат видеото во Аризона или Њу Мексико, но во Македонија (каде што бил неколкупати) почувствувал посебен „вајб“, а режисерот Цветановски одлично ја пренел нивната визија.

Песната „Cone Of Shame“ е дел од последниот албум на американскиот рок бенд, Sol Invictus.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1