Нов закон: Дражавата ја укинува социјалната помош – на секој граѓанин ќе му исплаќа по 800 евра месечно


Финска подготвува план за укинување на секој вид социјална помош и наместо тоа на секој граѓанин да му дава по 800 евра месечно, пишува британски Independent. Со овој план ќе ги снема сите компликации со системот за социјална помош, објаснува премиерот Јуха Сипила, а идејата ја поддржуваат дури 69% од граѓаните. Аналитичарите на Bloomberg пресметале дека овој проект (ако се спроведе) ќе ја чини државата 52,2 милијарди долари годишно.pari evra 1

Проблемите што ги отвора овој план се повеќе, а првите што паѓаат на памет се дека не е логично иста сума да добиваат и богатите и сиромашните, и тоа оти овие 800 евра месечно може да ги дестимулираат невработените да бараат работа, а Финска се соочува со најголема невработеност во последниве десет години, што изнесува 9%. Но, економистите одговараат дека трошоците за живот во Финска не дозволуваат потпирање на само тие 800 евра што би ги давала државата.

Конечната одлука за овој предлог што повеќе држави во слична варијанта одамна го анализираат, Финска ќе ја донесе во ноември догодина. Холандија е следната држава каде може да оживее проект за обезбеден основен доход.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1