Нов закон во Европа – не смеете да користите кафе или домашни рецепти против инсекти во сопствената градина


Очајните градинари ќе се обидат да го искористат секој можен трик напишан во книгите за да ги заштитат нивните сакани растенија, од разните штетници. Но оние кои што се користат со популарни органски методи, можат да бидат казнети од страна на европската полиција.

На бирократите во Брисел сега им текна дека градинарите, со тоа што ќе расфрлат кафе околу градината, за да ги уништат штетните бубачки, всушност го кршат законот.
Ова всушност доаѓа откако беа поставени правила во кои што велат дека секоја активна состојка или хемиско средство кое се користи во градинарството мора да биде експлицитно одобрено и ставено на листата на ЕУ на пестициди.

Ваквата листа е направена со цел да ги спречи луѓето од опасноста да користат супстанци кои што можат да бидат штетни по здравјето.


Но, кофеинот никогаш не бил тестиран за неговата ефикасност и влијание на животната средина, градинарството и како и тоа како ќе делува на штетните инсекти.

Ова значи дека неговата употреба не би требало да биде спречена.
Доктор Ендрју Халстед, кој својата експертиза ја насочува кон здравјето на растенијата, изјавил дека со казните на ЕУ им е полесно да ги контролира хемикалиите кои се забранети, а кои се дозволени да се користат.

„Сепак мислам дека шансите да ви дојде инспекција до дома и да ве казнат за тоа што расфрлате кафе низ вашиот двор се минимални“, вели Ендрју Халстед.

Tags: , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1