Нова трагедија: Се сруши тајвански патнички авион


Авион на тајванска авиокомпанија денес доживеа несреќа за време на принудното слетување на аеродоромот во архипелагот Пенга, при што загинаа 51 лица, а седуммина се повредени, објави тајванската агенција CNA.

Тајванските медиуми пишуваат дека авионот сообраќал само на домашна линија. Во него имало 54 патници и 4 членови на екипажот.

Најмалку 51 лице загина, а седуммина се повредени при денешното принудно слетување на тајвански патнички авион, кој вршел локален лет, јави кинеската новинска агенција Синхуа.

Авионот на тајванската авиокомпанија „Трансејша“ морал принудно да слета во округот Пинху, архипелаг западно од главниот остров. Авионот сообраќал меѓу тајванските градови Гаосун и Магун.

tajvannn

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1