Новак Ѓоковиќ заплака додека публиката громогласно му аплаудираше (Видео)


Новак Ѓоковиќ повторно не успеа да го победи Рафаел Надал на Ролан Гарос, а по мечот потенцираше дека не е задоволен од својата игра. Српскиот тенисер го призна поразот во дуелот со Надал кој стигна до 14-та грен-слем титула, но истовремено изрази загриженост поради повраќањата за време не мечот.

novak rafa nadal

 – Последните четири-пет дена ми се случува нешто чудно. Тука е вмешан и психолошкиот аспект, некои емоции влијаеја на мојата состојба, но не би сакал премногу да зборувам на таа тема бидејќи излегува дека барам изговор. Нешто слично ми се случуваше на дуелот со Гулбис, – изјавил Ѓоковиќ по мечот.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не очекуваше овации по поразот во финалето на Ролан Гарос од Рафа Надал, но публиката во Париз не сакаше да престане да му аплаудира. Новак дури и заплака поради овој гест на публиката.


MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1