Новата цел на Маск: Брз интернет во целиот свет


Компанијата Спејс-Икс на Илон Маск има нова цел – да осигура поголем пристап до брз интернет во целиот свет. За таа цел, тие работат на специјални сателити, од коишто првите два беа лансирани вчера во орбита на Земјата.

Сателитите Микросат-2а и Микросат-2б се доста помали од стандардните сателити, и ќе може да бидат стационирани на пониска височина, бидејќи оние што се поставуваат повисоко, создаваат проблеми во конекцијата.

Новите сателити ќе бидат на висина меѓу 1.100 и 1.325 километри, и ќе покриваат мала територија – 1.060 километри радиус. Тоа, како што тврдат стручните лица, ќе овозможи побрз и поефикасен интернет, но за тоа, од Спејс-Икс сметаат дека ќе им требаат вкупно 4.425 сателити за целиот свет.

Реализирањето на проектот вклучува и многу други технологии, како што е – ласерска комуникација меѓу сателитите, за поефикасна координација и за да не си пречат меѓусебе, а и на останатите вселенски објекти. Рокот на траење на еден вештачки сателит ќе биде меѓу пет и седум години.

Маск очеква до средината на наредното десетлетие, проектот да работи во полн погон.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1