Нови бронзи стари 3.000 години пронајдени на Марвинци


Четири богати гроба со пајонски бронзи од железно време открија археолозите на некрополата Лисичин Дол на археолошкиот локалитет Исар, кај валандовското село Марвинци.

marvinciФантастичните бронзени предмети – афионови чашки, сончеви дискови, птици, животни слични на коњи и елени, различни висулци и разводници, ѓердани што жителите на овие простори ги создале меѓу 8 и 6 век пред новата ера се слични на тие пронајдени во 1997 година, кога на иста локација археолозите го открија фамозниот гроб на пајонската свештеничка. Во „новите“ гробови не биле погребани свештенички, но тие се исто толку богати.

Археолозите истражуваат на Лисичин Дол два и пол месеца. Истражуваат родовска некропола каде што биле закопувани поголеми фамилии од железно време, од 8 до 5 век пред нова ера. Откриле богати јами, со постари пајонски бронзи, а тоа е всушност најстариот хоризонт на погребување на локалитетот.

Живееле во демократија

Истражувачите за Пајонците знаат една реченица – го обожувале сонцето и носеле диск на стап како реликвија. Затоа тогаш претпоставиле дека е свештеничка. Но, според Видески, оваа хипотеза може да се измени со оглед на тоа што во новите гробови, во женските скелети пронашле и коски од бебиња.

– Тоа се жени што умирале при породување или биле бремени кога починале. Во тоа време немало повидни луѓе, уште родовски се организирани. Нема кнежевски гробници, како што се среќаваат во Србија, во Босна и Херцеговина. Овде има некаква демократија – сите се скоро исто погребани, со тоа што некои жени отскокнуваат, имаат повеќе накит. Мажите ги закопувале само со две грниња, копје и нож. Немало богати поединци. Веројатно живееле во матријархат, иако општеството с` уште не било раслоено.

Лееле самороден бакар

Луѓето во железно време не живееле во хиерархија, но имале големи познавања за технологијата на обработување метал. Kонцентрацијата на големи некрополи на толку мал простор покажува дека имало експанзија во тоа железно време на овие простори. Што работеле тие луѓе, од што се издржувале?

За земјоделство нема многу плодна земја, за сточарство нема многу пасишта. Значи единствена стопанска гранка што би издржувала толкава голема концентрација на народ е некаква металургија. Со мали количини можеш многу да заработиш

Повеќе на – Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1