НОВИ ДЕТАЛИ: Тони давал отпор при апсењето – полицијата морала да пука


Дали се живи или починаа родителите на жена ми и сестра и кои ги застрелав, вака покајнички прашувал трикратниот убиец кога денес бил фатен во градските гробишта во Кавадарци, на околу петнаесетина метри од капелата.

Полициски извори за “Дневник” откриваат дека по трикратното убиство кавадаречките полицајци буквално не спиеле што се вели за да го пронајдат убиецот и да го решат случајот кој ја потресе пошироката јавност и каков што не се памети на овие простори. Како што вчера пишувавме, била прочешлана секоја педа во околината. Полицијата имала одредени сознанија и работела на терен, трагала, вршела претрес во објекти.

stanoev_thumb_medium500_275

Кога ја видел полицијата убиецот се вдал во бегство но полицајците му викале да застане и да се предаде. Во прво време не сакал да ги послуша па тие морале да пукаат предупредувачки рафални истрели од пушка. Дури еден од истрелите бил во негова близина за навистина да ја сфати сериозноста на предупредувањата.

Дознаваме дека бројни полицајци за цело време оперирале низ Кавадарци од кои дел и на гробиштата. Откако го лоцирале убиецот и решиле да го фатат дошло засилување во тој дел на градот, а имало и помош од граничната полиција.

Ова се жртвите на зетот од Кавадарци – 3 години пријавувале насилство (Фото)

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1