Новинари нападнати во Собранието на вчерашните инциденти – настрадаа и новинарот на Мета и камерманот на Макфакс


Во 21 часот и 45 минути 37-годишниот Т.Д. од Скопје, новинар во новинска агенција „Мета“, пријавил дека истиот ден околу 19 часот и 40 минути во прес салата во Собранието на Република Македонија, додека фотографирал со неговиот приватен мобилен телефон, од страна на пет непознати лица му било извршено разбојништво. Најпрво му пришло едно лице и му се заканило дека физички ќе го нападне доколку не престане да снима со мобилниот телефон. Потоа му се придружиле уште четири лица кои физички го нападнале, удирајќи со клоци и тупаници во пределот на главата, нанесувајќи му видливи повреди во пределот на лицето.

Screenshot_110

фото – фејсбук

Притоа, едно од лицата му го одзело телефонот и продолжиле да го удираат. Од страна на непознато лице бил извлечен во бифето и изнесен надвор од Собранието.

– Нападнат додека фотографирав. Ме нападнаа кога дознаа дека работам за Мета новинска агенција. Ме легнаа и со тупаници и клоци ме тепаа. Ми го земаа и телефонот – напиша Тануров на својот фејсбук профил.

Исто така, вчера било пријавено и дека бил нападнат уште еден новинар. Во 1 часот и 50 минути, Г.С.З. од Скопје, новинар од Радио „Слободна Европа“, пријавила дека околу 19 часот и 40 минути пред главниот влез на Собранието на Република Македонија, додека извршувала работни задачи, лицето Е.Ј. од Крива Паланка од раката насилно и ја одзело и скршило службената камера.

Додека си ја барала камерата, од страна на толпата била удрена во пределот на грбот.

Снимателот на „Макфакс“ пак со потрес на мозокот е префрлен на клиниката за трауматологија откако во текот на вчерашните насилства беше нападнат во Собранието на Република Македонија. Неговата состојба е стабилна но сепак поради сериозноста на повредите ќе мора да остане на болнички третман.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1