Обама дипломатија, држи безбол палка додека e на телефон со турскиот премиер


на објавените фотографии како претседателот на САД разговара со неговиот турски колега Ердоган, а во ист момент во својата рака ја врти својата омилена безбол палка.

При крајот на својот мандат претседателот Барак Обама како полека да ги губи пријателските земји кои што се на негова страна.

Барем со ваква информација излегоа турските медиуми, водени од турската опозиција, кои што на објавените фотографии како претседателот на САД разговара со неговиот турски колега Ердоган, а во ист момент во својата рака ја врти својата омилена безбол палка.

Дали поради тоа што безболот е омилениот спорт на Американците, а особено на Обама, или пак поради тоа што на тој начин можел да се смири од направениот разговор, (ако се знае дека безбол палката е омилено оружје и кај насилниците, кои што проблемите знаат да ги решат на едноставен начин) никогаш нема да се дознае. Ниту пак Стејт Департментот ќе признае.

Оттаму говорат дека таа била омилената палка на Обама која што ја добил од страна на американската безбол легенда, Хенк Арон и дека Обама бил голем обожавател на „Chicago White Sox“. Турската опозиција и весниците во оваа земја веќе обелоденија од кого нивниот премиер добива наредби за ведењето на нивната земја. Возвратија дека ако сака Ердоган да ги побие ваквите тврдења, треба и тој да се слика со некакво огнено оружје додека разговара, со за некои најмоќниот човек на светот.

Од Стејт Департментот ги негираа ваквите најави и дополнија дека Обама и понатаму сака да ги задржи пријателските односи кои што ги има со неговиот колега Ердоган.


Ако е навистина така како што тврдри турската опозиција, тогаш легитимно се поставува прашањето каков вид на оружје држи во раката Обама додека разговара со рускиот претседател Владимир Путин или со  Премиерот на Кина:). Како пак овие тројца се смируваат по направениот телефонски разговор со американските претседатели останува времето да покаже.

Tags: , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1