Обама до Трамп: Путин не е од нашата екипа


Рускиот претседател Владимир Путин не е од „нашата репрезентација“, изјави американскиот претседател во заминување Барак Обама во пораката до својот наследник во Белата куќа, Доналд Трамп, откако претходно беше објавен разузнавачкиот извештај со констатациите за мешањето на Москва во американските избори во корист на Трамп, пренесе ДПА.obama-tramp

-Едно од нештата кои ме загрижуваат се сите оние коментари во последно време, било да се на републиканци, експерти или умерени коментатори, кои секогаш имаат повеќе доверба во Владимир Путин, отколку во своите сонародници Американци само затоа што овие сонародници се од Демократската партија. Тоа не треба да е така, рече Обама во интервју за телевизија Еј-Би-Си њуз.

„Треба да се потсетиме дека сме од една репрезентација. Владимир Путин не е од нашата екипа“, додаде тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1