Обама: Со Трамп имавме одличен разговор ФОТО+ВИДЕО


Американскиот претседател Барак Обама денеска имаше средба во Белата куќа со Доналд Трамп, а разговорот што го воделе 90 минути го оцени како „одличен“.

Според Обама, на состанокот биле опфатени повеќе теми од областа на надворешната и внатрешната политика.tramp-10-640x480

Обама по средбата рече дека е важно „сите да се обединиме за да се соочиме со предзвиците“.

Новоизбраниот американски претседател Трамп нагласи дека разговорот траел подолго од предвиденото и оти разговарале за бројни теми.

– Разговаравме за многу ситуации од кои некои се добри, но и за потешкотии, рече Трамп во изјава за новинари. Додаде дека Обама објаснил „некои добри работи што се постигнати“.

Трамп го оквалификува Обама како „многу добар човек“ и се надева оти ќе добие совети од него.

Средбата меѓу Обама и Трамп изминала во опуштена и срдечна атмосфера сосем спротивно од изминатите месеци за време на жестоката предизборна кампања, наведуваат американски медиуми.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1