Обдукција на еден од починатите на Инфективна – Се чека одговорот за причината за смртта на таткото и синот


Телото на еден од двајцата починати пациенти на Инфективната клиника е дадено на обдукција.Директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети, потврди дека тие веќе ги започнале и нивните испитувања, па попладне се очекуваат првичните резултати.

Институтот немал реагенси за испитувањата поради што се позајмувале од Косово. Никој засега не сака да даде информација за какво заболување станува збор, но она што неофицијално се зборува е дека сомнежите најмногу се насочени кон хеморагична треска.

Министерот за здравство, Арбен Таравари, вели дека анализите за причините за смртта на двајцата гостиварци, кои починаа на Клиниката за инфективни болести, засега се прават во Тирана, Приштина и во Скопје.

– Ако резултатите од овие анализи се исти, нема да бараме дополнителни. Но, ако не се совпаѓаат, ќе побараме дополнителни анализи во лаборатории во други земји – вели министерот.

Во период од три дена починаa двајца пациенти од Гостиварско. Биле татко и син, на возраст од 50 и 24 години, од селото Симница. болеста бргу се ширела, ја напаѓала функцијата на повеќе органи, како црниот дроб и бубрезите.

Покрај двајцата починати, од Инфективна информираа и дека се хоспитализирани уште четири лица кои се под изолација и се надгледуваат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1