Обдукцијата ја откри вистината за човекот кого го прегази Тони Цетински


Истрагата за смртта на 62-годишниот Ибраим К. кого Тони Цетински го прегази со возилото, покажала нови моменти.

Наодите добиени од обдукцијата се тајни, но српскиот Курир дознава дека мажот дефинитивно лежел на патот кога Цетински во петокот на 3. Ноември поминал со своето возило.

Пејачот го удрил со својот Мерцедес, а со предмиот дел од возилото му поминал на надлактиците. Му направил уште некои повреди кои сами по себе не биле смртоносни и фатални.

По несреќата полицијата бараше да се испита дали Цетински зборувал на мобилен или пишувал СМС порака кога се случила трагедијата која крена голема медиумска прашина и го сврте вниманието на јавноста.

Мерцедесот кој го возел пејачот е уште кај полицијата.

Инаку, Ибраим беше испратен во вечниот дом минатата недела, а на погребот немаше никој од семејството на Цетински, ниту пак тој самиот не се појави.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1