Обид за силување во партиски штаб во село Требеништа, Дебарца


Синоќа околу 20,40 часот К.П. од с. Требеништа пријавила дека во просториите на штаб на политичка партија во с.Требеништа-општина Дебарца, лицето Ф.П. М. се обидело да изврши полов напад врз неа.

Според информациите од полицијата, лицето Ф.П.М. било пријавено дека се обидело да изврши полов напад над К.П., кандидатка за советничка за Општина Дебарца.

Според пријавата, К.П. отишла во штабот бидејќи како член на листата за советници требало да дежура и пред објектот се сретнала со Ф.П.М. со кого заедно влегле во објектот.

По околу еден час, Ф.П.М. ја фатил жената за половината и почнал да ја турка, а таа повикувала помош. Според пријавата, Ф.П.М. ја соборил К.П. на земја, почнал да ја допира по телото и да ја љуби по лицето, а се обидел и да ја соблече.

Во еден момент Ф.П.М. застанал и почнал да ѝ се извинува на жената и барал да му прости, по што ја отклучил вратата и двајцата си заминале.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1