Објавен транскриптот од хашката судница: “Имаме проблем. Ве молам, не му е добро…”


Прочитајте го целиот транскрипт од случувањата во хашката судница, кога Слободан Праљак испил отров при изрекувањето на пресудата.

На страните на Меѓународниот казнен суд за воени злосторства на подрачјето на поранешна Југославија, објавен бил транскрипт од драматичните случувања од хашката судница на 29. ноември.

Потсетуваме, Слободан Праљак по изрекувањето на пресудата, со која бил осуден за воени злосторства на подрачјето на Босна и Херцеговина, испил цијанид, по што починал.

Ви пренесуваме дел од транскриптот:

Прлиќ: Имаме проблем. Ве молам, да покажеме малку професионалност. Не ми е добро…

Праљак: Испив отров.

Судија Агуис: Добро, прекинуваме, прекинуваме, ве молам…

Фауве-Ивановиќ: Простете, почитуван судијо.

Судија Агуис: Стража, не го допирајте шишенцето кое го користел.

Прлиќ: Ни треба доктор.

Судија Агуис: Да, записничару, ве молам, го одложуваме заседанието за 15 минути. Но, во меѓувреме ве молам некој да соработува со мојата канцеларија.

Целиот транскрипт можете да го прочитате во продолжение:

Transkript objave presude šestorci by Anonymous IYKkJP2hsQ on Scribd


Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1