Објавена е првата фотографија од возачот на камион кој изврши напад во Њујорк


Објавена е првата фотографија од возачот на камионот кој влетал во велосипедисти во Менхетен, Њујорк. Станува збор за Сајфуло Саипов (29) кој доаѓал од Тампа, Флорида.

Осомничениот со камион влетал во велосипедската патека во Менхетен на улицата Хјустон. Бројот на жртви се зголемил на 8, а 11 лица се повредени. Автобус му го попречил патот на камионот со што се спречил поголем масакар. ФБИ го третира овој настан како терористички напад бидејќи возачот извикал “Алах акбар”.

Очевидци велат дека откако Сајфуло излегол од камионот, започнал да пука со пиштол, но полицијата успеала да го погоди па притоа веднаш бил одведен во затвор.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1