Облачен ден со обилен дожд


Времето во Македонија ќе биде насекаде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Во југоисточните делови врнежите ќе бидат пообилни и се очекува да наврнат околу 20 литри на квадратен метар. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.dozd_1_7

Утринската температура ќе се движи од 1 до 8 Целзиусови степени, а дневната од 8 до 13 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Дневната температура ќе достигне до 11 Целзиусови степени.

Врнежите ќе продолжат и в сабота, особено во претпладневните часови, но ќе бидат со послаб интензитет.

Од недела времето постепено ќе се стабилизира, а дневните температури ќе бидат во благ пораст и ќе се движат в недела од 9 до 14 Целзиусови степени, а во почетокот на наредната недела од 10 до 16 степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1