Обвинителството го проверува случајот со гласањето на Фатиме Сулејмани


Основното јавно обвинителство – Гостивар по допрен глас оформи предмет за наводите изнесени на вчерашната седница на Државната изборна комисија за гласањето на изборното место 0396/1 во Гостивар, за тврдење на едно лице дека му било оневозможено правото да гласа бидејќи некој предходно гласал во нејзино име.obvinitelstvo-skopje

„Надлежниот обвинител ги проверува наводите на гласачката во врска со дадените тврдења, односно дали таа била оневозможена да гласа затоа што претходно некој во нејзино име се потпишал во избирачкиот список или дали таа претходно сама го реализирала нејзиното право на глас. Предмет на проверка е и дали некој ги употребил нејзините документи со нејзина дозвола“, се вели во соопштението од ЈО.​

Гласачката од Гостивар Фатиме Сулејмани вчера во ДИК изјави дека кога отишла да гласа некој друг бил потпишан наместо неа и не и било дозволено да гласа. Графолошката анализа потврди дека потписот ставен во избирачкиот список не е нејзин.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1