Од 1 јануари: Ако купите нов електричен апарат, треба да ви го земат стариот


При купување нови електрични апарати, граѓаните ќе можат старите да ги остават кај продавачите, место да ги фрлаат во отпад. Тоа го предвидува Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, кој од 1 јануари следната година ќе почне целосно да се применува.

sporetПроизводителите и увозниците на овој вид опрема, до крајот на годинава ќе треба да се организираат како колективни или самостојни постапувачи за управување со отпадна електронска опрема. Со овој закон се предвидува одговорност на производителот или на трговецот да се грижи за производот кога ќе стане отпад. Трговецот има обврска за еден нов електричен апарат да преземе еден стар, а доколку трговецот потпишал договор со колективен постапувач и има доволно простор, ќе може да прими и повеќе отпад од граѓанинот. Законот има обврски и за граѓаните – казни од 60 евра, доколку ги фрлаат електричните апарати на несоодветни места за отпад пренесува Вест .

“Законот треба да придонесе за намалување на негативното влијание на отпадната електрична и електронска опрема врз животната средина и врз човековото здравје. Тој е донесен во јануари 2013 година, а се применува од јануари 2014 година. Производителите и увозниците, од кои 95 отсто се увозници, а мал дел производители, од 1 јануари 2014 имаа обврска да бидат регистрирани во Министерството за животна средина. Врз основа на тој регистар, од наредната година ќе треба да платат одреден надомест за производите кои се увезени и произведени”, рече Ана Мазневска – Каранфилова, раководител на сектор за отпад од Управата за животна средина.

Според Здружението на метална и електроиндустрија, на годишно ниво се увезуваат 33.000 тони електрична опрема, од кои 10.000 тони се куќни апарати и 5.000 тони компјутерски и оптичка опрема.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1