Од 1 јули граѓаните и фирмите ќе плаќаат пониска казнена камата


Од јули граѓаните ќе плаќаат пониски казнени камати за неплатените сметки за комуналии како и за задоцнетото плаќање на ратите за денарските кредити. Освен износот во сметките за потрошената струја, вода парно, многу често се случува да имаат и насобран долг од затезна камата. Првиот ден од доцнењето на кредитот пак, банкарите освен редовна годишна им наплатуваат и законска затезна камата.
Од 11,75 % казната ќе се намали на 11,25 отсто на годишно ниво. Мало намалување има и на казнената камата на заостанатите долгови на фирмите.

Од банките велат дека се подготвени за пониски казнени камати. Тие ги следат промените на рефернтната стапка која што која е основа за пресметка на казнената камата. НБРМ последен пат ја намали на 3,25 отсто.

Пресметките за висината на казнената камата се прават два пати годишно. НБРМ има обврска да ја објави референтната каматна стапка за пресметка на казнената каматна стапка на почетокот на секое полугодие.
Каматата се пресметува како збир од основната камата плус 8 процентни поени.
За кредитите во девизи важат други правила, а висината се одредува со висината на едномесечна стапка еурибор зголемена за 10 отсто.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1